Голгетерот на минхенски Баерн, Роберт Левандовски вели дека неговиот клуб мора да донесе уште квалитетни фудбалери ова лето доколку сака да биде вистински компетативен следната сезона и во домашното првенство и во Лигата на шампионите.
Баерн има седум едноподруго шампионски титули во Германија, но исто толку години се далеку од можност за битка за трофејот во ЛШ.
Ова лето клубот го напуштија Рибери, Робен, Хумелс, Рафиња, Родригез, а клубот досега скромно пазареше.
„Мора да доведеме квалитетни засилувања за да создадеме повторно силен тим. Претходните две сезони немаше големи трансфери. Тешко може да веруваме дека може да бидеме конкурентни во Лигата на шампионите без неколку засилувања“ – вели Левандовски чиј договор со Баерн завршува во 2021 година.
„Во преговори сме и околу нов договор. Мислам дека сме на добар пат. Се чувствувам одлично во Минхен, го сакам овој град и сакам да останам“ – вели офанзивецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА