Левандовски брутално искрен: Се создаваат исти играчи, нема повеќе голгетери

Еден од најдобрите напаѓачи на модерната ера, Роберт Левандовски, верува дека модерниот фудбал полека го губи она што некогаш беше негов заштитен знак, класичните голгетери.

Искусниот напаѓач на Барселона зборуваше за оваа тема во интервју за Скај Спортс, каде отворено рече дека начинот на кој функционираат фудбалските академии денес создава премногу слични играчи.

Според него, проблемот лежи во системите за обука кои станаа речиси идентични низ цела Европа.

„Денес, има многу играчи кои излегуваат од академиите и се многу слични. Начинот на кој учат фудбал изгледа како копирај-залепи. Како фабрика“, рече Левандовски.

„Напаѓачката позиција е поинаква. Не можете да научите некого да биде врвен напаѓач само преку академијата“, објасни Левандовски.

Според неговите зборови, стрелецот на голови мора да има посебен начин на размислување што не може да се научи преку строги тактички шеми.

„Мора да размислувате поинаку од остатокот од тимот. Тоа е инстинкт кој не може едноставно да се тренира“, додаде Полјакот.

Се вчитува...