Левандовски даде гол, па се повреди

Роберт Левандовски влезе во второто полувреме и во финишот постигна гол на вчерашниот дуел со Вилјареал, но денешниот ден донесе загрижувачка вест околу полскиот голгетер.

Имено, Барселона соопшти дека Левандовски заработил повреда на мускулот поради што ќе мора целосно да мирува во следните денови.

Полскиот ветеран сигурно ќе го пропушти реваншот од полуфиналето во Копа дел реј против Атлетико Мадрид, а по новите прегледи закажани за среда ќе биде познато дали Левандовски ќе се рехабилитира навреме за следните предизвици на каталонскиот гигант, гостувањата против Атлетик Билбао во Примера и против Њукасл во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...