Валенсија и Барселона вечерва одиграа тежок и цврст натпревар во 12-то коло од шпанската Ла Лига, дуел кој заврши со победа на каталонците од 0-1.
Барселона несомнено важеше за фаворит на овој дуел, гостите постојано се обидуваа да го најдат патот до голот, но Валенсија во целост успеваше да ги неутрализира.
Каталонците имаа дури 13 шута кон голот, но единствено беше прецизен Роберт Левандовски и тоа во 90+3 минута. Очигледно Барса се уште не може да ги залечи раните по елиминацијата од ЛШ, но по ваквиот исход веројатно тимот на Чави ќе се исправи и ќе си ја врати самодовербата за билдање на победничкиот мненталитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

