Левандовски е најдобар европски фудбалер на сезоната!

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски денеска и официјално ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на Европа за изминатава сезона.

Феноменалниот полски репрезентативец го водеше Баерн до дури пет трофеи во 2020 година, па на крајот сосема заслужено е крунисан со наградата за најдобар.

Зад него во гласањето останаа неговиот соиграч Мануел Нојер, како и фудбалерот на Манчестер сити, Кеви Де Бруин.

Оваа година нема да се додели „Златната топка“, кој се очекуваше исто така да оди во рацете на Левандовски. Полјакот признанието за најдобар европски фудбалер ќе го добие на свеченоста за време на ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите која е закажана за 17 часот.

Се вчитува...