Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски е најплатениот играч во шпанската Ла Лига. Брилијантниот Полјак зад себе го остави дури и Килијан Мбапе.
Шпански „Ас“ објави дека Левандовски заработува 33,3 милиони евра годишно. На неделно ниво популарниот Лева инкасира 640 илјади евра.
На второто место е Килијан Мбапе, кој летово пристигна во Реал како слободен играч. Французинот добива 31,2 милиони евра или околу 600 илјади евра неделно.
Трет на листата е Давид Алаба (22,5 милиони евра), додека четвртото место го делат уште два аса на Реал Мадрид Винициус Жуниор и Белингем, заедно со Јан Облак (20,8 милиони евра).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА