Роберт Левандовски ги минува последните месеци во дресот на Барселона, што воедно би можеле да бидат и последни месеци во кариерата на овој фудбалски великан.
Јавна тајна е дека клубови од Саудиска Арабија нудат богатство за да го привлечат Полјакот во оваа земја, како опција се споменуваше и италијанскиот гигант Милан, но последните информации говорат дека Левандовски во изминатиот месец за се пореална ја разгледува варијантата летово да му каже збогум на фудбалот.
Тој освои се што можеше да се освои на клупски план, играше на големи натпреварувања во дресот на Полска, па не чувствува преголема пасија да продолжи на терените. Од друга страна, семејството на Роберт целосно се адаптираше на животот во Барселона и планира да остане во каталонската престолнина и по завршувањето на кариерата. Саудиска Арабија воопшто не е опција за сопругата и децата, дури и доколку се реши на ваков трансфер тој би се преселил сам, што не е реално со оглед на приврзаноста што голгетерот ја има со најблиските.
Едно е сигурно, Роберт Левандовски ќе стори се за да освои што повеќе трофеи во последната сезона во дресот на Барселона, а дури на крајот ќе ја обелодени својат аконечна одлука за иднината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

