Роберт Левандовски е пресреќен во Барселона откако минатото лето големиот ас реши да ја заврши долгогодишната авантура во Баерн Минхен и да се пресели на „Камп Ноу“.
Полјакот е меѓу најзаслужните што Барселона има одлична предност пред Реал Мадрид во трката за титулата, а Левандовски е пресреќен поради фактот дека без предолга адаптација влезе во посакуваниот ритам.
„Не размислувам колку долго ќе останам во Барселона. Имам договор до 2026 година, се додека можам да играм на највисоко ниво би сакал да бидам дел од Барса. Се надевам дека ќе бидам во овјо клуб уште долго, навистина долго. Пресреќен сум, веднаш го разбрав значењето на слоганот „Повеќе од клуб“ што Барселона го има со години наназад“, изјави Левандовски.
Полскиот репрезентативец сезонава одигра 31 натпревар за Барса, притоа постигнувајќи 25 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

