Левандовски ги „откачи“ Саудијците и ја одбра својата следна дестинација

Роберт Левандовски е во последната година од договорот и доколку Барселона не му понуди продолжување на соработката, тој ќе биде слободен да избере нова средина на лето.

Според последните информации, Чикаго во моментов е единствениот што започнал преговори и направил конкретни потези. Очигледно, клучот е во тоа што Левандовски и неговото семејство избираат идеално место за живеење, а Чикаго е една од тие дестинации.

Полјакот не е премногу заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, која му нуди одлична сума на пари, но би можел да оди во МЛС, каде што исто така не би играл во особено квалитетна лига, туку би избрал поубав начин на живот. 

Лева сè уште чека на Барселона, тој е подготвен за драстично пониски примања за едногодишен договор до летото 2027 година, но од клубот изјавија дека нема да брзаат со таква одлука.

Се вчитува...