Левандовски го одработи последниот тренинг и се прости со колегите во Баерн (ФОТО)

Репрезентативецот на Полска, Роберт Левандовски в понеделник ќе биде претставен како нов играч на Барселона, а денеска официјално се прости од своите соиграчи во Баерн.

Искусниот голгетер присуствуваше на утринскиот тренинг на баварскиот клуб, се поздрави со фудбалери, стручниот штаб и персоналот и само се очекува официјалното потпишување на договорот со Барса.

Левандовски беше член на Баерн осум години и во тој период освои исто толку титули во Бундеслигата и една во Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...