Левандовски го повика Кимих во Барселона: Ќе ти се исплати…

Џошуа Кимих е желба на Барселона за засилување на бековската позиција, а шпанскиот гигант ќе се обиде да го ангажира германскиот репрезентативец од редовите на Баерн Минхен со помош на неговиот поранешен соиграч Роберт Левандовски.

Полјакот говорејќи за „Мундо Депортиво“ го повика Кимих да се приклучи на каталонскиот тим и да ја искуси магијата на Барселона.

„Што би му рекол на Кимих за Барселона? Би му кажал дека се исплати да дојде тука. Атмосферата е различа отколку во Баерн Минхен. Да се разбереме, двата клуба се големи, но искуството и предизвиците се различни“, изјави Левандовски.

Кимих осум години е дел од Баерн Минхен, а неговиот договор со баварците истекува во 2025 година со што е јасно дека Барселона ќе мора да го „одврзе ќесето“ за негов ангажман. Трансфермаркт го проценува на 80 милиони евра.

Се вчитува...