Роберт Левандовски во разговор за полските медиуми уште еднаш прокоментира дека сака да го напушти Баерн Минхен, дополнувајќи дека Барселона единствена покажала интерес по неговата одлука да замине од Германија.
„Не размислував за други опции. Да, сакам да го напуштам Баерн за да се јават повторно емоциите во мене кои ги загубив. Не сакаа воопшто да ме сослушаат до крај. Нешто во мене умре“ – вели Левандовски, и дополнува:
„Па кој играч ќе сака да дојде во Баерн ако знае дека нема да може да си замине? Каде се лојалноста и почитувањето? Секогаш бев подготвен, секогаш сакав да играм и кога бев повреден, а сега враќаат на некој чуден начин“.
Левандовски, според најавите, нема да се појави на собирот на Баерн и покрај тоа што има уште една година договор со клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

