Левандовски го замолкна „Бернабеу“ па порача: Сега сме полни самодоверба

Полскиот голгетер Роберт Левандовски имаше клучна улога во огромната победа на Барселона во вечното шпанско дерби против Реал Мадрид и тоа на „Сантијаго Бернабеу“ со 0-4.

Левандовски беше стрелец на првите два гола и го прасираше патот до победа па беше расположен за говорење пред медиумите по крајот на средбата каде изјави дека сега фудбалерите на Барселона имаат уште поголема самодоверба.

„Среќни сме поради победата. Да победиме на ваков начин е нешто посебно. Важно беше да победиме токму сега. Ова ќе ни даде можност да прославиме неколку дена. Сезоната е долга, но оваа победа ќе ни помогне да стекнеме уште поголема самодоверба. Се уште немаме освоено ништо, но поважно е што сега имаме јасна идеја за тоа каде сме тргнати. Мислам дека игравме одлично, и во одбрана и во напад“, изјави Левандовски.

Се вчитува...