Атмосферата во таборот на Баерн Минхен цела сезона е тензична, но Роберт Левандовски и Кингсли Коман ги надминаа границите на нормалата откако дошло до тепачка меѓу нив за време на утринскиот тренинг на баварскиот гигант.
Се почнало кога Левандовски гласно го критикувал Коман, по што младиот француски фудбалер му вратил со иста мера на полскиот голгетер. Вербалниот конфликт екпсресно прераснал во физичка пресметка, а според пишувањата на весникот „Билд“ биле потребни десетина фудбалери на Баерн за да ги раздвојат завојуваните играчи.
Боатенг и Суле биле најблиску и безуспешно се обиделе да ги смират страстите, по што речиси цел тим пристигнал, по пет-шест играчи ги фатиле Левандовски и Коман и успеале да ги смират страстите.
Тренерот Ковач решил тренингот да продолжи без да ги избрка воинствените фудбалери, но повеќе од јасно е дека двајцата ќе добијат високи парични казни од управата на Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА