Левандовски има шанса против Шведска да израмни уште еден рекорд на Герд Милер

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски постигна гол за својата репрезентација синоќа во ремито со Шпанија (1-1) во Севилја во мечот од 2. коло од групната фаза во ЕВРО 2020.

Левандовски постигна три гола на Европските шампионати и е првиот Полјак кој постигнал голови на три вакви турнири. Вкупно, напаѓачот на Баерн постигна 67 голови во дресот на Полска. Ова значи дека тој е на прагот да го надмине легендарниот Герд Милер, кој постигна 68 голови во дресот на Германија. Роберт има шанса да го стигне поранешниот капитен на Баерн за неколку дена против Шведска.

За потсетување, тој минатата сезона го надмина рекордот на Милер од 49 години според бројот на постигнати голови во една сезона во Бундеслигата. Покрај тоа, Полјакот стана првиот играч кој ја освоил титулата најдобар стрелец во Бундеслигата четирипати по ред.

Инаку, на Левандовски му беа потребни 118 натпревари за 67 голови, додека Милер ги даде своите 67 за само 62 натпревари во германскиот дрес.

Левандовски се уште е далеку од соборување на светскиот рекорд за голови во националниот тим. Досега најефикасен е Иранецот Али Даеи, кој постигна 109 голови. Португалецот Кристијано Роналдо има три гола помалку и е на чекор до рушење на овој рекорд.

Се вчитува...