Левандовски ја мина границата од 600 гола во кариерата

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски ја мина границата од 600 голови во кариерата во победата на Барселона против Виљареал. Каталонците славеа над Виљареал со 3-0, а Левандовски на овој меч ги постигна 600-от и 601-от гол во кариерата.

34-годишен напаѓач стана само третиот играч од 2000 година што ја надминал границата од 600 гола во кариерата, по Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Тој има постигнато 16 гола на 14 натпревари за Барселона во сите натпреварувања откако ова лето пристигна на „Ноу Камп“ од Баерн Минхен.

Во Баерн Левандовски постигна 344 гола на 375 натпревари, додека во дресот на Борусија Дортмунд на 186 натпревари 103 пати ја погоди мрежата. Левандовски пред доаѓањето во Германија постигна 21 гол за Знич и 41 за Лех од Познањ, додека во репрезентацијата на Полска постигна 76 гола на 134 натпревари.

Се вчитува...