Левандовски ја отвори душта: Со години го носам товарот на очекувањата на 40 милиони луѓе

Роберт Левандовски неочекувано се најде на удар на полската јавност откако искусниот голгетер побара да не биде земен во комбинација за настап на јунските квалификациски натпревари. Полјаците и без негова помош славеа над Молдавија со 2-0, асот на Барселона нема да игра ниту против Финска, а додека медиумите шпекулираат за негов конфликт со селекторот, Левандовски јасно стави до знаење дека побарал да не игра бидејќи чувствува дека му е потребен одмор.

Најдобриот полски голгетер во историјата во август ќе наполни 37 години и зад себе имаше исклучително напорна сезона во дресот на Барселона.

„Не морам никому да ги објаснувам своите одлуки. Дали бев во право? Во тој момент мислев дека сум во право, бидејќи екипата може и без мене, репрезентацијата не зависи од моето доаѓање. Го побарав селекторот, сакав искрено да разговарам со него, му објаснив дека не се чувствувам добро ниту физички ниту ментално. Луѓето ги немаат сите информации, па затоа нагаѓаат и шпекулираат. Навивачите сакат да знаат се, но тоа едноставно не е возможно. Со сета должна почит кон новинарите, никој од вас не помисли дека крај физичкиот умор постои и ментален. Никогаш не ми било важно сите да ме сакаат, не сум во секојдневен контакт со новинарите, одамна се имам дистанцирано од сето тоа. Со години на грбот носам очекувања на 40 милиони луѓе, а тоа не е лесно. И мене некогаш ми е потребен одмор“, порача Левандовски.

Се вчитува...