Роберт Левандовски јасно стави до знаење дека не размислува за заминување од Барселона откако полскиот голгетер говореше за приврзаноста што ја чувствува кон каталонскиот гигант.
Полјакот е најдобар стрелец на Барса по доаѓањето од редовите на Баерн Минхен, но фактот дека е најплатен во тимот, а се приближува до крајот на кариерата придонесе да се појават шпекулации за негово заминување од „Камп Ноу“. До Левандовски веќе пристигнаа богати понуди од Саудиска Арабија, што тој ги одби без размислување.
„Не гледам зошто би си заминал одовде. Да се биде напаѓач на овој клуб ме прави исклучително горд и среќен. Ова е најголемиот клуб во светот, а јас сум дел од него. Тоа ми дава енергија да работам уште понапорно, да правам специјални работи на теренот и да им носам радост на нашите верни навивачи. Не ми треба ништо друго“, изјави Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

