Роберт Левандовски ова лето го напушти Баерн Минхен по осум години поминати во герамскиот гигант стигна до посакуваниот трансфер во Барселона. Полскиот репрезентативец веќе се наметнува во новата средина каде се очекува да продолжи со одличната голгетерска форма.
Во каталонскиот тим се воодушевени и од неговата физичка подготвеност, а Полјакот кој наскоро ќе наполи 34. години верува дека може да игра на врвно ниво уште најмалку неколку години.
„Тестовите кои ги направив покажаа дека моето тело е помладо од моите години. Не знам точно уште колку години ќе играм фудбал на високо ниво, но сигурен сум дека имам уште неколку години во мене“, изјави Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

