Левандовски може да си оди…за 100 милиони евра!

Германскиот првак Баерн Минхен ја одреди цената за можното заминување на полскиот напаѓач Роберт Левандовски од „Алијанц арена“ ова лето. Иако претходно категорично тврдеа дека нема да му дозволат да си замине, сепак, на негово инсистирање одредена е отштета со која тој би добил можност за трансфер.

Заинтересираните клубови ќе треба да платат 100 милиони евра, доколку сакаат во претстојниот летен преоден рок да го потпишат Роберт Левандовски. Меѓу клубовите кои го посакуваат во своите редови се Реал Мадрид, Челси, ПСЖ и Манчестер јунајтед, а Полјакот веќе најави дека размислува за нов предизвик во фудбалската кариера.

Левандовски пристигна во Баерн Минхен во 2014 година од редовите на германскиот ривал Борусија Дортмунд и досега за баварскиот клуб на 187 натпревари постигна 145 погодоци. Неговиот актуелен договор со Баерн Минхен има важност до 2021 година.

 

Се вчитува...