Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски ќе ги пропушти пријателските натпревари пред почетокот на сезоната, вклучувајќи го и Гампер Купот.
36-годишниот напаѓач има повреда на тетивата на левата нога. Не е познато кога Полјакот ќе се врати на терените. Купот „Жоан Гампер“ ќе се игра на 10 август, а каталонскиот тим ќе се соочи со италијанската екипа Комо.
Минатата сезона Левандовски постигна 27 голови во 34 натпревари во Ла Лига. Исто така запиша 2 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

