Еден од најдобрите голгетери на сите времиња Роберт Левандовски, кажа дека не сака кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, туку целта му е да ја заврши во Европа. Играчот на Барселона кажа дека никогаш не размислувал за понудите од оваа земја.
Тој истакна дека во Барселона се чувствува добро и дека нема намера да си замине.
„Никогаш не сум размислувал за заминување во Саудиска Арабија. Пред пандемијата имав можност со семејството да се преселам во САД, но тоа повеќе не е во моите планови. Имам договор со Барселона на уште две години, со опција да се продолжи на уште една, и не гледам зошто би ја менувал средината“, рече Левандовски кој напомена дека сега ниту личните рекорди повеќе не му се важни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

