Во последните неколку недели многу шпекулации се појавија во врска со Роберт Левандовски во Барселона. Од тоа дека ќе го напушти клубот, до мера дека ќе замине во пензија ако „Каталонците“ се откажат од него и го ангажираат Хари Кејн од Баерн Минхен.
Меѓутоа сега се појави информација дека советникот во Милан, легендарниот Златан Ибрахимовиќ е најголемиот поддржувач во идејата Полјакот да дојде на „Сан Сиро“ идното лето.
„Росонерите“ се надеваат дека ќе го потпишат 37-годишниот голгетер како слободен агент, откако ќе му истече договорот со шпанскиот првак. Тие наводно договориле средба помеѓу спортскиот директор Игли Таре и агентот Пини Захави, по што разврската ќе се знае во следните неколку дена.
Милан се надева дека ќе го потпише Левандовски на ист начин како што му успеа со Оливие Жиру пред неколку години. Нивните намери се оптимистички, особено по потписот на Лука Модриќ ова лето, и 40-годишниот Хрват стана главната алка на тимот во оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

