Барселона го одржува ритамот со водечкиот Реал Мадрид на стартот од сезоната во Ла Лига, благодарение на тешката победа на гостувањето против Осасуна од 1-2.
Трите бода ги донесе Роберт Левандовски со голот од пенал во 86. минута од средбата.
Претходно, каталонскиот тим поведе со голот на Коунде во 45. минута, но Авиља во 73. минута успеа да донесе израмнување за Осасуна.
Барселона со три победи и едно реми е на третата позиција на табелата во шпанскиот шампионат во моментов.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

