Левандовски откри кога планира да ја заврши кариерата

Роберт Левандовски веќе наполни 37 години, но легендарниот голгетер воопшто не размислува за збогување од фудбалот.

Договорот му истекува на крајот од сезонава, Барселона не планира да му го продолжи, но голгетерот е убеден дека се уште може да игра на највисоко ниво.

„Се уште сум подготвен, имам и голема желба да играм, да докажам дека  сум на високо ниво. Кога ќе ја завршам кариерата, а очекувам тоа да биде за две до три години, би можел да напишам некоја нова книга“, прокоментира Левандовски.

Јасна е намерата на Полјакот да настапува до 40-годишна возраст, а останува да се види дали тоа ќе биде во европскиот фудбал или пак ќе се реши да замине во САД или во Саудиска Арабија.

Се вчитува...