Левандовски по мечот со Баерн се поздрави само со еден човек (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја совлада Барселона со 2-0 во дерби натпреварот од вчерашната програма во Лигата на шампионите.

Своето враќање на „Алијанц арената“ го имаше Роберт Левандовски кој нема по добро да го помни првиот дуел сезонава со својот поранешен тим.

Полјакот го напушти стадионот без да даде изјава на медиумите, а се поздрави само со еден човек. Се работи со претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта на кој му кажа само една реченица „Не беше лесно“.

Се вчитува...