Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски е решен по секоја цена да си замине од Минхен, па доколку ништо не биде со Барселона, тогаш би преговарал и трансфер во Челси.
Според англиски извори, фудбалерот ја разгледува опцијата за преселба во лондонскиот клуб како алтернатива во случај на неуспех во преговорите меѓу Баерн и Барселона околу неговиот трансфер.
Во моментов, Полјакот е решен да потпише договор со Барселона, но ситуацијата е комплицирана поради финансиската нестабилност на каталонскиот клуб. Исто така, Челси веќе изразил интерес за играчот и е подготвен да се впушти во битка за неговиот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

