Роберт Левандовски ја затвори вратата за заминување од Барселона во текот на јануарскиот преоден рок, без оглед на загубениот статус на стандарден првотимец кај каталонскиот гигант.
Тренерот Флик се почесто му дава шанса на Феран Торес како „деветка“ и шпанскиот репрезентативец максимално ја оправдува довербата, поради што Левандовски минува повеќе време на клупата отколку на теренот. Полјакот не е среќен, се шпекулираше дури и дека бил понуден на Ал Хилал во директна размена за Жоао Кансело, но екс-голгетерот на Баерн јасно ставил до знаење дека не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија.
„За Роберт не постои дилема, тој ќе ја заврши сезонава во Барселона, бидејќи сака да помогне овој тим да освои што повеќе трофеи. Договорот му истекува летово, по што самиот ќе реши каде ќе игра во следнат сезона. Она што е сигурно, тој не размислува за пензија“, изјави близок пријател на Левандовски за полските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

