Левандовски призна: Сакам да играм во иста екипа со Меси

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски е убеден дека Златната топка за најдобар фудбалер идната година ќе ја добие Лионел Меси, кој пред неколку дена со Аргентина стигна на светскиот трон.

Тој истакна дека би сакал да игра во иста екипа со капитенот на аргентинската репрезентација, и дека во последно време Меси е повеќе плејмејкер отколку напаѓач.

„Не е на мене да одлучувам, но секако, гледам дека сега Меси е повеќе плејмејкер, отколку напаѓач. Тој постигнува помалку голови, но повеќе асистира. Стана играч со кој секој напаѓач во Светот сака да игра“, рече Левандовски.

Се вчитува...