Роберт Левандовски е несреќен во Баерн Минхен и веќе побарал од своите агенти да почнат да „прават терен“ за летен трансфер во редовите на Реал Мадрид. Ова од добро упатени извори го тврди шпанскиот новинари Гилјерм Балаг, посочувајќи дека за жал на Левандовски, „кралевите“ воопшто не се заинтересирани да го доведат Полјакот во своите редови.
Иако станува збор за голгетер од највисока класа, челниците на Реал немаат намера да отстапат од клупската филозофија, според која најтрофејниот европски клуб не купува фудбалери откако ќе наполнат 30 години. „Кралевите“ сметаат дека Левандовски веќе го има достигнато врвот на кариерата и отсега формата ќе му се движи во надолна линија, па не сакаат да трошат богатство за негов трансфер (се шпекулира дека Баерн ќе бара над 100 милиони евра за својот најдобар стрелец).
Левандовски влезе во војна со челниците на Баерн откако гласно повика баварскиот клуб да почне да носи врвни засилувања ако сака да се носи со најглемите европски клубови. Тој го навлече бесот на целокупната управа, како и на клупските легенди, кои бараат казна за Полјакот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА