Полскиот интернационалец Роберт Левандовски на лето прави мегатрансфер во Реал Мадрид. Тој се договорил со раководството на „кралскиот клуб“ за своите услови, а останува сега Реал да постигне договор околу отштетата и со Баерн Минхен.
Голгетерот пред два месеци го промени својот агент, му даде доверба на Пини Захави, а тој по само два состаноци со Хозе Ангел, десната рака на Флорентино Перез, успеа да го договори неговото заминување на „Сантијаго Бернабеу“. Роберт Левандовски на лето треба да потпише двегодишен договор со Реал Мадрид, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона. Тој има актуелен договор со Баерн Минхен до 2021 година, но веќе им најавил на раководните луѓе на клубот дека му е потребен нов предизвик во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА