Левандовски: Се е прекрасно, се чувствувам како со месеци да сум дел од Барселона

Роберт Левандовски не го крие задоволството од почетоците на својата авантура во Барселона, откако полскиот ас по долго инсистирање конечно успеа да го напушти Баерн Минхен и да се пресели во редовите на каталонскиот гигант.

Тој одби богати понуди од Челси и од ПСЖ за да си ја исполни желбата и да го облече дресот на Барса, a дебито за новиот клуб го имаше во победата на вечното дерби со Реал Мадрид (1-0), меч одигран во Лас Вегас.

„Иако е ова само пријателски меч, дерби дуелите секогаш се специјални и јас уживав играјќи на овој дуел. Задоволен сум и од квалитетот и од интензитетот на играта што го покажавме. Веќе се насочивме кон следниот тренинг, кон следниот натпревар, бидејќи чувствуваме дека сме дел од нешто прекрасно и знаеме дека најдоброто од Барса допрва следи. Јас само неколку дена сум овде, но се чувствувам како со месеци да сум дел од Барселона. Имам огромна поддршка од соиграчите и од стручниот штаб, сите сме со една единствена желба – да победуваме“, изјави Левандовски.

Се вчитува...