Левандовски се израмни со Нејмар, Флик славеше јубилеј

Барселона се задржа на два бода заостанување зад Реал Мадрид откако каталонскиот гигант со многу мака славеше на гостувањето против Овиедо со 1-3. Ова беше јубилејна 50. победа на Ханси Флик како тренер на каталонскиот гигант, уште една потврда за одличната работа на германскиот стратег како шеф на струката во каталонскиот тим.

Првото полувреме донесе многу возбудувања, Рафиња го погоди дирекот, а Овиедо неочекувано поведе преку Реина, и тоа со шут од 40 метри по грешката на гостинскиот голман Жоан Гарсија.

Вториот дел донесе и целосен резултатски пресврт, втор на Барса сезонава по големиот камбек и победата во Валенсија над Леванте. Ерик Гарсија се најде на вистинското место и погоди од непосредна близина за 1-1, а Роберт Левандовски веднаш по влегувањето во игра стрелаше маестрално со глава за целосен пресврт, вкупно 105. погодок за Полјакот во дресот на Барса со што тој се израмни со Нејмар на вечната листа на стрелци на каталонскиот гигат.

Конечните 1-3 во 89. минута ги постави Араухо со удар со глава по корнерот што го изведе Маркус Рашфорд.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...