Левандовски се пoпишмани: Не знам дали ќе заминам, имам договор со Баерн Минхен

Сагата за заминување на Роберт Левандовски од Баерн Минхен продолжува, но добива и нови размери. Имено, откако полскиот репрезентативец пред само неколку дена изјави дека повеќе не се чувствува пријатно во германскиот клуб и сака да замине од истиот по секоја цела, денеска се обиде да ја ублажи ситуацијата.

Искусниот голгетер вели дека договорот со Баерн не му дава слобода за заминување, дека го цени тоа што му го донел Баерн и дека нема непријатели во Минхен.

„Не знам дали ќе заминам. Имам договор на уште една година па од клубот побарав промена на средината. Мислам дека ова е најдобро решение за ситуацијата. Притоа клубот ќе може да заработи од мојот трансфер. Немам јас непријатели во Баерн. Го почитувам овој клуб и овој град бидејќи ми се втор дом. Не сум себичен. Знам што ми донесе Баерн и го ценам тоа. Медиумите често бараат трачеви и емоции. Јас само сакам ова да заврши и не сакам повеќе да додавам жар на огнот“, вели Полјакот.

Роберт Левандовски е дел од Баерн Минхен од 2014 година и оттогаш се наметна како незаменлив дел од клубот. За неговите услугите сега интерес покажуваат неколку европски гиганти, но највлијателна во преговорите е Барселона.

Се вчитува...