Левандовски се премисли: Останувам во Баерн до пензија

Роберт Левандовски секое лето е поврзуван со бројни европски гиганти, полскиот ас пред две години беше подготвен дури и да поднесе барање за трансфер од Баерн, но ситуацијата во меѓувреме се промени. Тој е презадоволен што е „прва виолина“ во баварскиот гигант по заминувањата на Рибери и на Робен, потпиша и нов договор со Баерн, па сега воопшто не помислува на заминување од „Алијанц Арена“.

„Имам 31 година, сакам да одиграм уште неколку години овде. Среќен сум во Баерн, тоа е еден од најголемите клубови во светот и тешко е да помислам дека можам да си заминам оттука. Во Баерн имам се што ми е потребно, планирам да останам овде до пензионирање“ – изјави Левандовски.

Роберт Левандовски пристигна во Баерн во 2014 година и оттогаш одигра 263 натпревари, постигнувајќи 218 погодоци. Тој се наоѓа на делба на второто место на вечната листа на стрелци на клубот со Карлхајнц Румениге, додека недостижен останува Герд Милер со 564 гола во дресот на баварскиот гигант.

Се вчитува...