Полскиот интернационалец Роберт Левандовски најверојатно ќе остане во редовите на германскиот бундеслигаш Баерн Минхен и следната сезона. Иако најави дека речиси сигурно ќе замине, сепак, последните информации од Германија говорат дека тој веќе се премислил. По завршувањето на сезоната, му најави на раководството на клубот дека сака да побара нов предизвик, но сега, по слабиот настап со Полска на Светското првенство, Левандовски е емотивно испразнет. Веќе испратил порака до новиот тренер Нико Ковач дека може да смета на него во наредниот период.
Левандовски заедно со своето семејство е на летен одмор и собира сили за новите предизвици. Можно е тој сепак да биде цел на Реал Мадрид, доколку се реализира трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус. На „кралевите“ тогаш секако ќе им биде потребен нов елитен напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА