Левандовски со порака до Реал: Тука сум за да ја вратиме Барселона на врвот

Роберт Левандовски и официјално е нов напаѓач на Барселона, Полјакот се прости од Баерн Минхен и реши да ја продолжи кариерата во Каталонија.

Голгетерот му се стави на располагање на тимот во Мајами, а ја даде и првата изјава како член на Барса.

„Конечно сум тука, одушевен сум од приемот во Барселона. Изминатите неколку дена за мене беа долги, но постигнавме договор. Подготвен сум за овој предизвик. Отсекогаш сакав да играм во Шпанија, тука сум да помогнам да ја вратиме Барселона на врвот и да освоиме што е можно повеќе титули“, изјави Левандовски, кој упати индиректна порака до големиот ривал од Мадрид..

Каталонскиот тим последната титула шампион на Шпанија ја освои во 2019 година, додека на Лигата на шампионите чека подолго, од 2015 година.

Се вчитува...