Првиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски го советувал неговиот тренер Чави Хернандез да ја разгледа опцијата за доведување на дефанзивецот на Специја, Јакуб Кивиор.
Сега новинарите на „Тутоспорт“ пренесуваат дека Левандовски сугерирал воопшто и на целата управа, па сега на потег се чека Жоан Лапорта.
Станува збор за фудбалер кој настапи на последните два натпревари на Полска во Лигата на Нации против Холандија кога беше еден од најдобрите играчи на теренот и против Велс.
Дефанзивецот одработи одлично во одбраната, а неколку пати спасуваше и чист гол. Во тие моменти тој го импресионирал Левандовски кој го предложил на Барселона.
Покрај Барселона интерес за неговите услуги сериозно покажал и премиерлигашот Вест Хем. Договорот на Кивиор со Специја е до 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

