Роберт Левандовски со сите сили се обидува да замине од Баерн Минхен, иако засега не му оди најдобро. Тој одлучи уште еднаш да потврди дека сака да си оди од Минхен, а овојпат тоа го стори за влијателниот „Билд“.
Полјакот сега се обрати кон навивачите, и истакна дека еден ден ќе ја разберат оваа одлука.
„Секогаш се трудев да дадам се од себе да ги исполнам очекувањата на екипата и навивачите. Ги ценам навивачите на Баерн, секогаш ме поддржуваат. Да не сум искрен во оваа ситуација, би се чувствувал како да сум неправеден кон навивачите. Знам дека минуваат низ многу емоции, но се надевам дека еден ден ќе ме разберат. Не сум егоист. Знам што имав во Баерн и навистина тоа го ценат. Знам дека и во последните години направив се да не ги разочарам клубот и навивачите. После долго време чувствувам дека е време за нова фаза. Затоа ги информирав челниците дека нема да го продолжам договорот. Мојата иднина во Баерн е завршена работа. Сакам да застанам на крај на шпекулациите“, рече Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

