Левандовски: Викањето денеска не ги мотивира младите

Роберт Левандовски, еден од најискусните фудбалер на денешницата е најстар во соблекувалната на Барселона со 37 години. Речиси дваесет години е постар од младите каталонски ѕвезди Ламин Јамал и Кубарси па од свое искуство говореше за пристапот на младите фудбалери.

Како што вели полскиот репрезентативец разликата помеѓу старата и новата генерација на фудбалери е драконска.

„Морам да признаам дека менторската улгоа е голем предизвик за мене. Доаѓам од друга генерација и морав да научам како од нив да го извадам максимумот. Предолго сум во фудбалот и кога споредувам, не само со мојата генерација, туку и со таа претходно има огромна разлика.

Порано викањето беше метод на мотивација. Денеска, ако викаш премногу реакцијата на оваа генерација не е иста. Нивната реакција не е со цел да ти докажат дека грешиш. Не, денеска мораш да објаснуваш работи на друг начин. Мораш многу да говориш. Не сакаат кога им викаш.

Денеска е потребно е многу да се фокусираш на менталниот дел од фудбалот. Не станува збор само за играчи, туку и за луѓето во оваа генерација. Не сакав да се борам против тоа и морав да научам како“, вели Левандовски.

Се вчитува...