Полскиот фудбалер, напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, стана третиот играч во историјата на натпреварувањето кој постигнал најмалку 100 голови во Лигата на шампионите.
Во 10. минута од натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите, на домашен терен против Брест, Левандовски (36) сигурно реализираше пенал и со тоа стигна до јубилејниот 100. гол во елитното натпреварување.
Рекордер по бројот на голови во Лигата на шампионите е Кристијано Роналдо со 140, а по него е Лео Меси со 129.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

