Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски го постигна својот гол број 100 во европските натпреварувања. До оваа бројка Полјакот дојде на првиот меч во групната фаза во ЛШ против Антверпен, откако неговиот тим победи со 5-0.
Левандовски беше стрелец на вториот гол во 19. минута од мечот. Со тоа стана третиот играч во историјата кој стигна до 100 гола после Кристијано Роналдо (145) и Лионел Меси (132).
Левандовски до овој подвиг дојде со одиграни 139 меча со четири различни клуба. Со Лех постигна шест гола, во Борусија Дортмунд 18, за Баерн Минхен постигна 69, а со Барселона досега има седум постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

