Левандовски во една статистика е подобар и од Меси и од Роналдо!

Фудбалерите на Барселона се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампиони откако вечерва во реваншот на домашен терен славеа против Њукасл со 6-2. Откако првиот натпревар на северот на Англија заврши 1-1, Барса во второто полувреме вечерва ги разреши сите дилеми околу победникот.

Роберт Левандовски беше еден од најзаслужните за овој триумф постигнувајќи два погодоци во вториот дел. Њукасл беше 41 тим во Лигата на шампионите против кој Левандовски се запишува во листата на стрелци и со тоа изби на првата позиција во оваа статистичка колона.

Се вчитува...