Роберт Левандовски го постигна вториот гол за Баерн при победата од 3-0 над Црвена Звезда, што е јубилеен 200. погодок на полскиот ас во дресот на баварскиот гигант.
Тој досега има одиграно 249 натпревари за Баерн на кои 200 пати ја има затресено противничката мрежа, и тоа 135 гола во Бундес-лигата, 37 во Лигата на шампионите и 28 во куп-натпреварувањата.
Левандовски би требало во текот на сезонава да го мине Карл-Хајнц Румениге, кој има постигнато 217 погодоци за баварскиот гигант. Апсолутен рекордер во оваа категорија е легендарниот Герд Милер, со 506 голови во дресот на Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА