Левандовски во супер-натпревар донесе триумф на Барса од 3-4 со Виљареал (ВИДЕО)

Во повеќе од возбудлив натпревар во 3. коло од шпанската Ла Лига, Барселона славеше со 3-4 на гостувањето против Виљареал.

По само 15 минути игра каталонскиот тим имаше предност од 0-2 со головите на Гави во 12. минута и Де Јонг во 15. минута.

Но, потоа следеше извонреден пресврт на Виљареал кој дојде до водство од 3-2 од од 26. до 50. минута, со головите на Фојт, Сорлот и Баена.

Но, Барса не би била Барса ако се откаже предвреме. Најпрво, во 68.минута со голот на Торес дојде до израмнување, а потоа Левандовски во 71. минута ги постави конечните 3-4.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...