Левандовски за историја: Трет фудбалер со 100 постигнати гола во ЛШ

Роберт Левандовски си обезбеди место во историјата на Лигата на Шампионите откако големиот ас стрелаше прецизно од пенал за Барселона против Брест, за својот јубилеен 100. погодок во елитното европско натпреварување.

Со тоа, Левандовски стана само трет член во „Клубот 100“ во ЛШ, и тоа за само 125 одиграни средби во ова натпреварување. На чело на вечната листа на стрелци се наоѓа Кристијано Роналдо со 140 гола на 183 натпревари, пред Лео Меси со 129 погодоци на 163 одиграни средби во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...