Полскиот интернационалец Роберт Левандовски ќе замине на операција на препоните за да го санира проблемот кој подолг период го измачува и не му дозволува да биде максимално фокусиран за време на натпреварите. Сепак, нема да пропушти голем дел од сезоната во Бундес-лигата, со оглед дека ќе ја искористи репрезентативната пауза која ќе следи во европските шампионати.
„Немам проблеми со спринтот и со шутирањето, но, сепак, имам лимитирани движења. Ќе заминам на операција во периодот на репрезентативната пауза и верувам дека ќе се вратам на терените само по три седмици“, изјави Левандовски.
Баерн Минхен се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите, но има поголеми проблеми во Бундес-лигата каде моментно се наоѓа на четвртата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА