И покрај неколкуте понуди од Саудиска Арабија, напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски не планира да го напушти ппанскиот гигант, и веројатно до крајот на кариерата нема да биде дел од друг клуб.
Полјакот веќе има 37 години, и вели дека е горд на своите години, но и дека покрај тоа, сака и натаму да се натпреварува и да освојува трофеи.
„Горд сум на својата возраст. Имам 37 години и не се срамам од тоа. Имаме голема желба да продолжам да играм, јас сум таму каде што сакам да бидам, и целта ми е да докажам дека годините се само бројка. Се уште можам да го постигнам истиот успех како пред неколку години. И натаму кога одам на тренинзи и натпревари, насмевката не ми исчезнува од лицето“, рече Левандовски, а потоа кажа и за евентуалното заминување.
„Се чувствувам одлично во Барселона. Среќен сум тука и немам зошто да си одам, а ниту размислувам за други места“, рече Полјакот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА