Леванте приреди изненадување совладувајќи ја Барселона со 2-1 во првиот натпревар од осминафиналето во „Купот на кралот“. Во составот на Леванте на овој меч не настапи македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Домаќините поведоа уште во четвртата минута од натреварот. Ерик Кабако скокна највисоко, ја зафати со глава топката по центаршутот на Рубен Рочина и ја смести во мрежата на Барселона. На 2-0 зголеми Мајорал во 18. минута. Поголемиот дел од работата го заврши Боатенг кој добро му ја намести топката, а Мајорал биеше прецизно во долниот лев агол.
Во финишот на мечот Барселона успеа да намали на 2-1 со погодокот на Филипе Кутињо од пенал што беше досуден по прекршокот на Мозес Симон во забранетиот простор.
Реваншот е на 17. јануари на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА