Леванте му „скина“ бод на Реал, Барди остана на клупата

Леванте успеа да се спаси од пораз против Реал Мадрид, играјќи 2-2 на домашен терен. Македонскиот репрезентативец Енис Барди остана на клупата за резерви на овој меч, а бодот го донесе Џампаоло Пацини со погодокот во 89.миунута од средбата.

„Кралевите“ поведоа со голот на Серхио Рамос во 11.минута, а израмни Боатенг пред крајот на првиот дел. Иско во 81.минута донесе нова предност за Реал Мадрид, но Пацини сепак не дозволи Леванте да биде поразен.

Се вчитува...